Фестивали

Joker Out стигнуваат во Скопје: Голем open-air концерт на „Skopje Calling 2025“ (Фото)

Нашите соработници и пријатели од Авалон продукција со задоволство не информираат дека глобалниот феномен Joker Out доаѓа во Скопје на голем open-air концерт како дел од „Skopje Calling 2025“, кој ќе се одржи на 29-ти јуни на Стадион на АРМ.

Овие словенечки суперѕвезди, познати по своите 20 милиони стримови на Spotify, соработката со легендарниот Elvis Costello, како и по виралниот настап на Евровизија, ја заслужуваат својата хедлајнерска позиција рамо до рамо со Massive Attack и Nick Cave на едно од најочекуваните музички случувања во регионот оваа година.

После распродадени концерти во Англија, Полска, Ирска, Норвешка, Шведска и Финска, како и настап во култниот Electric Ballroom во Camden Town – Лондон, Joker Out ветуваат незаборавно шоу и вечер исполнета со енергија, емоција и хитови кои освојуваат светски сцени.

Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба, достапни онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ цела Македонија.

Цени на влезниците:

  • Партер – 1.000 денари
  • Фан пит – 1.500 денари

Подгответе се за лето исполнето со многу музика и емоции – „Skopje Calling 2025“ ветува спектакл кој нема да се пропушти!

Можеби ќе ве интересира: