Фестивали

“Киборг” со самостоен концерт на јубилејното издание на Таксират

Таксират фестивал во рамки на програмата на јубилејното 20то издание, има чест да го најави и самостојниот концерт на “Киборг”, култното име на македонската сајбер-панк музичка сцена кое во музичката архива се запишува и како првиот индустријал бенд во Македонија. По 20 години пауза, “Киборг” се вратија на сцена минатата година со одличниот концерт на Пин музичката конференција, кој воедно беше и еден од најпосетените од 30те концерти кои се одржаа на Пин. По ланскиот успех, “Киборг” сега се повторно во атак со нивниот моќен аудио-визуелен концепт на извонреден сајбер-панк звук, овој пат со самостоен концерт на 6ти декември во Младинскиот културен центар во Скопје.

Како бенд “Киборг” започнува со работа кон крајот на минатиот век – летото ’95 во Скопје. Многу луѓе минуваат низ бендот, но поради раната фаза на трансплантација, се појавија проблеми со инфекции, отфрлање на делови и силни воспаленија. По многу жртви, конечната постава беше дефинирана. Направија неколку свирки, фестивали и се разбира, последнато шоу во ’96 со „Young Gods”, кое им обезбеди место во музичката историја. Во 1996 година издаваат лимитирана касета со 6 песни. По две децении, истите членови повторно се собраат за да продолжат со својот изворен CyberPunk, да проповедаат малку и се забавуваат.

“Киборг” се: Дарко Јаневски – вокал, Перо Стефановски – гитара, Горан Атанасов – тапани, Влад Каевски – клавијатури. Билетите за концертот на “Киборг” се веќе пуштени во претпродажба, онлајн и во сите продажни места на МкТикетс, со цена од 200 денари. На денот на концертот, нивната цена ќе биде 300 денари.

Можеби ќе ве интересира: