Фестивали

Кого испраќаме на Избор за песна на Евровизија: Македонец или Бугарин?

Во интервју за “Wiwibloggs”, eвровизиски канал на YouTube, македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гаванлиев, кажа дека освен македонско, има и бугарско државјанство. Во моментот кога водителот му вели:

”Вие сте државјани на Македонија, и ….”, Гаванлиев продолжува и вели: “ и Бугарија…”.

Во интервјуто водителот го прашува: “Па како имате бугарски пасош?”,а Гаванлиев одговара: ”Далечен роднина на мојата баба е роден… Струмица е многу блиска до бугарска граница, јас сум од тој дел на државата, па ете како”.

Интервјуто со Гавранлиев е објавено во февруари 2020 година.

Можеби ќе ве интересира: