Состојбата во евровизиските обложувалници на 33 дена пред почетокот на Евровизија во Италија не е најдобра за земјите од поранешна Југославија, бидејќи речиси се е на дното на листата. Годинава во Торино одат Србија, Хрватска, Словенија, Македонија и Црна Гора.
Од 40-те земји кои се натпреваруваат на Евровизија оваа година, Хрватска моментално е на 33-тото место, а обложувалниците и даваат помалку од 1 процент шанса за победа. 35-та обложувалница е Црна Гора, Македонија е 38-ма, а Словенија е неславната 39-та. Според овие предвидувања, ниту една од овие земји нема никакви шанси за победа. Од поранешните републики се истакна само Србија, која моментално е 15-та со големи шанси за влез во финалето.
Инаку, Црна Гора годинава ја претставува Владанa со песната „Breathe“, додека Македонија ја претставува Андреа и песната „Circles“. Словенија ја претставува бендот „ЛПС“ и песната „Диско“, а Хрватска со Миа Димшиќ и песната „Guilty pleasure“. Хрватска, Црна Гора и Македонија ќе ги изведат своите песни на англиски, а Србија и Словенија ќе пеат на својот мајчин јазик.
