Фестивали

Малта се искачи на врвот на обложувалниците за победа на Евровизија

Пет дена откако е објавена песната што ќе ја претставува, Малта се искачи на врвот на обложувалниците за победа на Евровизија.

Песната “Je Me Casse” во моментов има 16% шанси за победа и го надмина швајцарскиот претставник Gjon’s Tears од првото место кој има 15% шанси за победа. Третата, Франција, според обложувалниците има 10% шанси за победа.

Оваа година Малта е претставена од малтешко-нигериската пејачка Дестини Чукунјер, која има само 18 години. Дестини пее на англиски јазик, а песната е именувана според краткиот дел на француски сленг.

Дестини веќе победила на Евровизија, но на детската, во 2015 година.

Можеби ќе ве интересира: