Фестивали

Мерлин Монро на „Фолк Фест Владимирово“? Ели Танасковска блесна како холивудска дива (Фото)

За време на одржувањето на „Фолк Фест Владимирово“, публиката имаше чувство како на сцената да се појавила легендарната Мерлин Монро. Иако тоа звучи неверојатно, сепак станува збор за впечаток што го остави познатата македонска ТВ водителка Ели Танасковска, која и оваа година беше дел од фестивалот како водителка.

Со својата едноставна, но беспрекорна фризура, елегантна црна свечена тоалета и префинет настап, Ели потсети на холивудскиот гламур од златните времиња на филмот. Нејзината појава беше доволна за многумина да ја споредат со легендарната Мерлин Монро, симболот на женственоста и елеганцијата.

На сцената изгледаше достоинствено, природно и софистицирано – комбинација што ретко кој успева да ја долови. Без премногу детали и наметливост, Танасковска уште еднаш покажа дека вистинската елеганција лежи во едноставноста. Но, вечерта за неа не заврши само со комплименти за изгледот. На самиот крај од фестивалот, од Академијата на доајените на македонската песна, таа ја доби и наградата за трајни вредности – признание кое, според нејзината реакција, искрено ја изненади.

Публиката ја поздрави со голем аплауз, а многумина коментираа дека токму Ели Танасковска беше една од највпечатливите личности на годинашното издание на фестивалот.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Фото: Музика24

Можеби ќе ве интересира: