Еден од оние уметници што не настапуваат често, но секогаш оставаат трага, Maкс Хоџиќ ова лето се враќа на CMC Festival во Водици со новата песна „За једну кап твог парфема“. Станува збор за длабоко емотивна балада, во која се спојуваат музика, слика и чувство – три елементи што Maкс ги владее како малку кој.
По подолга пауза од фестивалските настапи, Maкс признава дека не се оддалечил од сцената – напротив, ја следел внимателно, „како инспектор за добри песни“. Новата песна е резултат на долг и внимателен креативен процес, а нејзината премиера токму на водичката сцена ветува незаборавна емоција.
„За једну кап твог парфема“ е песна што мириса на сеќавања и љубов, има вкус на море и боја на страст – црвена. Како што Maкс вели, ова е идеален звук за оние летни вечери кога сè дише полека, но интензивно. Познат како режисер на видеа за други артисти, Maкс понекогаш себе си си дава одмор пред камерата. Но овојпат – не. Песната бараше поголема лична изложеност, и тој ѝ се препушти целосно, и вокално и визуелно.
Публиката во Водици ќе биде првата што ќе ја чуе оваа музичка исповед во живо – и првата што ќе сведочи на враќањето што веќе се чувствува како нешто многу поголемо од обичен настап. Maкс Хоџиќ е повторно тука – и има што да каже.
