Во рамки на 42-то издание на манифестацијата „Скопско лето“, на 24-ти јули во Куршумли Ан свој голем концерт ќе одржи познатиот македонски џезер Џон Илија Апелгрен. Концертот со наслов „Музичка прошетка – Француски шансони” е закажан за 20:30 часот, а на истиот ќе настапи и бендот на Џон Илија Апелгрен. Аранжманите и адаптациите на изведените песни се на Гордан Спасовски.
И овој концерт, како и сите претходни досега, ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на објектот по цена од 300 денари.
Генерален покровител на настанот е Град Скопје, додека поддржувач на истиот е Министерството за култура на Македонија.
