Фестивали

На 27-ми август – “Лешочки фолк фест 2019”

Во манастирскиот комплекс “Св. Атанасиј” и “Пресвета Богородица” во Лешок на 27-ми август со почеток во 20.30 часот, ќе се одржи новото издание на “Лешочки фолк фест 2019”. Реномирани и докажани македонски фолк интерпретатори и автори и годинава на публиката ќе и претстават нови песни во духот на македонската фолклорна традиција.

Фестивалот кој е од ревијален карактер традиционално и оваа година се одржува во соработка со Тетовско-гостиварската епархија при Македонската православна Црква – Охридска Архиепископија.

Организатор на Лешочкиот фолк фест е Здружението за негување на македонскиот фолклор и традиција “Источник”, а директорите на фестивалот Сузана Спасовска и Борче Брзанов и оваа година се погрижија музичкиот избор да биде на највисоко ниво. Медиумски покровител на годинешното фестивалско издание е ИН ТВ, додека за текот на програмата како и досега ќе биде задолжена реномираната водителка Ирена Спировска.

Инаку, во Лешок се очекува присуство на неколку илјади македонци од земјава и од дијаспората кои го слават успението на Пресвета Богородица, а истовремено ги очекуваат и новите фестивалски хитови со лирска, печалбарска и родољубива тематика.

Можеби ќе ве интересира: