Под мотото “Заедно сме посилни”, домашната естрада се обединува на заедничкиот целовечерен фестивал “Мозаик 2020”, кој ќе се одржи на 28-ми февруари во А1 арената позната како поранешен СЦ “Борис Трајковски”. Концерти во иста вечер ќе имаат Владо Јаневски, Слаткаристика и Ферус Мустафов, Сам, “Елита 5” и групата “Нокаут”. Фестивалот “Мозаик 2020” ќе започне во 20 часот, а ќе трае пет часа. По Скопје, концерти ќе има во Прилеп и Куманово.
На 28-ми фебруари петчасовен концерт на македонската естрада под мотото “Заедно сме посилни”
Претходна објава
Следна објава
