Фестивали

Најгледана евровизиска песна за 2023 е „Ча ча ча“ (Видео)

Најгледана евровизиска песна за 2023-та година на YouTube е „Ча ча ча“. Со неа, финскиот претставник, минатата година, го освои второто место на музичкиот натпревар што се одржа во Ливерпул. Втора најгледана песна е победничката, „Тату“ на Лорин, соопштија организаторите.

Годинава домаќин на „Евровизија“ ќе биде Малме, односно Шведска. Двете полуфиналиња ќе бидат на 7-ми и 9-ти мај, а финалето на единаесетти. На најголемиот светски музички настан во живо, учеството годинава го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји.

Можеби ќе ве интересира: