Како што веќе на неколку наврати пишувавме, познатиот интернационален музички летен фестивал “Охрид фест” годинава ќе се одржи на 2-ри и 3-ти септември во местото нарекувано Долни Сарај во Охрид. На оваа локација веќе неколку години наназад се одржува фестивалот, после напуштањето на центарот во Охрид каде долги години се одржуваше истиот.
Во текот на денот, ден пред официјалното стартување, од страна на организаторите ја добивме листата на натправарувачи на првата вечер и натправерувачи-изведувачи кои ќе се појават на вторта интернационална вечер. И од она што го забележавме, освен извинувањето дека од оправдани причини познатиот фолкер Мирослав Илиќ нема да се појави на фестивалската сцена, без никакво претходно извинување и оправдување не беа повеќе споменати претходно веќе најавените Ален Исламовиќ, Златко Пејаковиќ, Јурица Паѓан („Парни ваљак“), Теди Грубица, Божидар Волф, Инес Ербус…
Но затоа пак на фестивалската сцена, во текот на двете фестивалски вечери присутната публика, како и гледачите на Македонската телевизија и одбрани балкански медиуми во живо преку тв пренос ќе може да ги погледнат настапите на следните изведувачи и музички имиња:
Прва фестивалска вечер, Фолк вечер на “Охрид фест”, 2 септември, домаќин и водител: Каролина Петковска (Македонска телевизија)
1.Ирена Петрова и Игор Нејков – Љубовта трае само миг
2.Ѓоко Дичоски –Алтан душа
3.Јасмина Атанасова – Роза румена
4.Кирил Белистојановски – Изгрејсонце
5.Милован Секуловски и Група Ишарет – Душа голема
6.Анета Арсовска – Кафанска песна
7.Група Чардак – Боже фала
8.Менде Куновски – Мастило
9.Петар Нечовски – Секоја вечер
10.Катерина Танева – За тебе ја пеам “Запри дожду”
11.Група Академци – Бура е
12.Стојне Николова – Аманет
13.Благоја Грујовски – Лилјана
14.Благица Павловска – Усни на усни
15.Зуица Лазова – Да ме носиш в Охрид
16.Наум Петрески – Не се откажав
Ако на фолк вечерта настапуваат познати македонски музички изведувачи, тоа не е така на вторта интернационална вечер кога на сцената на “Охрид фест” ќе видиме и слушнеме за прв пат музичари кои ни доаѓаат од соседството и Балканот, но сепак не е она што веќе беше најавено.
Втора фестивалска вечер, Интернационална вечер на “Охрид фест”, 3 септември, водители: Марјана Станојкоска и Васил Зафирчев
1.Теодора Стјеповиќ – „Сањам те”
2.Трио Џентлмен – „Ти”
3.Тони – „Ела и ме спаси“
4.Arianne – „Сјај”
5.Ник – „Ни солзи ни вино”
6.Vesa Smolica – „Kaj”
7.Мила – „Твоја сум”
8.Александар Јосифовски и Белма Хусеинфедиќ – „Глупаво е да си сам”
9.Андреа – „Close to the sun”
10.Expose – „This love will last forever”
11.Моника Кнезовиќ – „Молекул”
12.Ненад Цвијетиќ – „Верна и неверна”
13.Бојана – „Колку добро љубиш”
14.Јуре – „Не постојим кад ниси ти“
Специјалното интернационалното жири ќе ги даде своите гласови на најдобрите, а годинава ја имаме и новинарската награда, акредитираните медиуми ќе ја одберат песната што на нив оставила најдобар впечаток. Самиот фестивал создаде многу традиции а една од нив се традиционалните награди за промоција на музика на Балканот, што годинава им припадна на Гарабет Гаро Тавитјан и Мирослав Илиќ.
Како што е веќе најавено, во одредени блокови свој настап ќе имаат познатите Томи Мишел, Срѓан Марјановиќ, словенечката група Рандеву и Владо Калембер.
За преносот на фестивалот покрај националниот сервис, големиот интерес поокажаа и странските телевизии кои го пренесуваат фестивалот, па така „Охрид фест“ ќе се гледа и во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна, Грција, Албанија, Бугарија.., односно на „Гранд телевизија, ТВ Црна Гора 2, Балканика, Хит ТВ, Нон Стоп ТВ, Тв Нови Пазар, Белами, Вижн, ТВ 3 и секако преку сателитскиот канал на МТВ кој може да се проследи и во Америка и Канада.
Се надеваме и веруваме дека “Охрид фест” годинава ќе биде на ниво на својата задача и дека ќе се одржи фестивал за кој долго време ќе се зборува и прекаскажува.
Затоа „Охрид- фест“ ве повикува да гледате, слушате и уживате!
Подготви: Иван Јосимовски
