Фестивали

Објавен е редоследот на изведувачи на полуфиналињата на Евросонг 2023 (Фото)

Во средата беше утврден редоследот на настапи на двете полуфинални вечери на 67-от избор за песна на Евровизија. Британската телевизиска куќа Би-Би-Си го одлучи редоследот по кој претставниците на земјите натпреварувачи ќе се појават на сцената во мај, што го потврди и Мартин Остердал.

Треба да се напомене дека од 2013 година до денес продуцентите на шоуто одлучуваат за редоследот во двете полуфиналиња.

Првата вечер ќе се одржи во вторник, 9-ти мај, со почеток во 20 часот. Втората полуфинална вечер е во четврток, 11-ти мај. Во првото полуфинале се натпреваруваат вкупно 15 земји. Полуфиналето ќе го отвори еден од фаворитите на годинешното натпреварување – Норвешка, а ќе заврши со уште еден голем фаворит – Финска.

Второто полуфинале ќе го отвори Данска, а ќе заврши со Австралија. Ќе се квалификуваат десетте најдобри земји од секое полуфинале, кои ќе се сретнат со големата петорка, како и со минатогодишниот победник Украина во големото финале во сабота на 13-ти мај.

Можеби ќе ве интересира: