На плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово вчера вечер, 29-ти август 2025 година (петок), се одржа втората фестивалска вечер од фестивалот „Етно плоштад фестивал“.
И на втората фестивалска вечер имаше музика од сите жанрови за сите возрасти, а за истата се погрижија дечињата од „Весело Ѕвонче“ – Берово, Андријана Петрушовска и мега популарната музичка група на балканските простори „Амадеус бенд’’.
Имено, најмладите – дечињата уживаа во музичко-драмските перформанси на детскиот фестивал „Малешевско ѕвонче“, а останата публика уживаше во музичкиот репертоар на Андријана Петрушовска која навистина направи „бум“ на сцената со изведба на познати и признати македонски, српски и балкански музички нумери, како и во настапот на „Амадеус бенд“ кој својот настап го отвори со познатиот хит „Моја земља“ кој навистина предизвика прелив на емоции кај самата публика, но и кај самите изведувачи.
Посебно интереснен момет беше кога „Амадеус бенд“ ја изведуваа „Моја земља“ на самата сцена на видео-ефектите стоеше македонкото знаме, а истото предизвика уште поголеми емоции кај беровската, но и генерално кај целата македонска публика која беше синоќа присутна во ценатрот на Берово.
Едно е сигурно, Берово деновиве живее со духот на македонската традиција и култура, а беровчани како и секогаш така и сега се најгостопримливи за гости од цела Македонија како и за гости од целиот регион кој доаѓаат и уживаат во фестивалските денови од „Етно плоштад фестивал“.
Водителка на овогодишното издание на беровскиот фестивал „Етно плоштад фестивал“ е добропознатата и надалеку призната Јелена Спенџарска. Инаку, вечерва на последната фестивалска вечер публиката ќе има можност во живо да ги слушне, види и ужива во настапите на Мики Секулоски, Харис Џиновиќ и DJ-џеј Secret.
Од Берово за Музика24.мк: Христијан Ангелески
