Фестивали

“Од нас зависи” освоила најголем број бодови што решавале за победникот на “Скопскиот фестивал 2002“

Македонија на Евровизија 2002 – трето официјално учество на Македонија на изборот на песна за Евровизија. Македонија беше претставувана од страна на Каролина Гочева, откако победи на националниот музички фестивал Скопје фест со песната „Од нас зависи“. Финалето беше одржано на 16-ти февруари 2002 во Македонскиот народен театар во Скопје, а водител бил Игор Џамбазов. Победникот беше одбран со комбинација од гласови од публиката во салата (20%), телефонски гласови (40%) и експертско жири (40%).

Песната е драматична балада во која Каролина е задлабочена на тема “изминато време“. Таа пее дека во секое време за секого може да биде рај, но за да биде така “зависи од нас”. Првичната замисла била оваа песна на Евровизија 2002 да биде изведена на англиски јазик, сепак кога песната била регистрирана во EBU, било пријавено дека ќе биде изведена на македонски јазик, па пријавата морала да се почитува.

Се појавиле извесни несогласувања и препирки поради мислењето на Каролина песната да се исполнува на англиски, па дури постоела и опасност наместо неа во Талин да настапи Андријана Јаневска. Сепак, на крајот дилемите биле разрешени и останало решението да се пее на македонски јазик, бидејќи така решил тимот на МРТВ која ги имала лиценците за евровизискиот фестивал.

“Од нас зависи” освоила најголем број бодови од трите гласачки сегменти што решавале за победникот на “Скопскиот фестивал 2002“. Публиката на големата сцена во Македонскиот народен театар го поздравила нејзиниот триумф со бурно ракоплескање и овации. По победата таа возбудено ветила дека ќе го даде својот максимум достојно да ја претставува својата земја во Европа.

Победата на Каролина се наѕирала уште кога биле познати гласовите добиени преку телефонското гласање и СМС-пораките, како и тие од публиката во салата во МНТ. Деветте члена на стручното жири што и доделиле “дванаесетки” само ја потврдиле нејзината убедлива победа со вкупно 346 бода.

Песната била изведена 9-та по ред, а на крајот од гласањето освоила 25 поени, пласирајќи се на 19 место, од вкупно 24 песни. Поради лошите резултати Македонија не можела да учествува на Евровизија 2003, туку една година подоцна.

Подготви: Редакција Музика24

Музика24- содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: