Фестивали

Откажана Питијадата во Велес

По големиот пожар што ја зафати околината на Велес, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски одлучи средствата од традиционалната манифестација Питијада да ги пренамени за пошумување и набавка на нова опрема за пожарникарите.

Фестивалот на питата и виното во ново руво беше обновен пред 10-тина години. Питата на која и е посветен според пишаниот документ со кој располага Општина Велес за питата пастрмајлија како автохтон производ датира од 1869 година. Истите записите укажуваат дека во тоа време во Велес се произведувале по 150.000 оки домашно вино годишно. Затоа и денес питата и виното не одат едно без друго.

Целта на манифестацијата беше да се придонесе кон поголема афирмација и промоција на питата пастрмалија, препознатлив велешки специјалитет, но истовремено да им помогне на угостителите, винариите, малите и средните компании од прехранбениот сектор, пред потенцијалните потрошувачи од Македонија кои ќе го посетат настанот.

Во изминатите години на фестивалот настапија голем број на македонски и балкански ѕвезди како: Здравко Чолиќ, “Рибља Чорба”, Калиопи, Влатко Стефановски, “Прљаво казалиште”, Каролина Гочева и други.

Можеби ќе ве интересира: