Битола се подготвува за фестивалот „Браќа Манаки“. Годинава Битола ќе живее за филмот, ќе раскажува за филмот, ќе пее за филмот. Моџо, „Паркети“, Виктор Апостоловски и уште многу други битолчани одбраа по една филмска тема и на промотивниот пулт на Широк сокак ќе седат и ќе раскажуваат филм, слично на раскажувањето кое во минатото го правеле старите битолчани.
“Се радуваме дека оваа година ќе имаме фестивал. Се прилагодивме на околностите, и фестивал ќе има благодарение на три сона. Првиот е благодарение на Друштвото на филмските работници на Македонија, кое како основоположник на фестивалот одлучи дека мора да има фестивал. Тоа е нашиот прв сон. Вториот сон е дека фестивалот мора да ѝ се врати на Битола, да се врати како добар домаќин на прослави, веселби, како што знае да биде, и тоа ќе се случи”, истакна директорот на фестивалот, Симеон Дамевски.
Тоше Ивановски е координатор на ОФФ-програмата и истакна дека Битола како рамноправен партнер на фестивалот треба да преземе што повеќе предизвици и што повеќе битолчани треба да бидат вклучени. Од Мони Дамевски и од овој тим нѝ се даде таква можност и ќе ја оправдаме.
“Два пункта на Широк сокак ќе бидат промотивни точки каде сите минувачи ќе го почуствуваат градот жив и разигран. Моџо, „Паркети“, Виктор Апостоловски и уште многу други битолчани одбраа по една филмска тема и на промотивниот пулт ќе седат и ќе раскажуваат филм, слично на раскажувањето кое во минатото го правеле старите битолчани. Во анимација ќе учестуваат и музичари, фото клубот од Битола со изложба, пантомима, ќе има сегмент „Живи слики“, филмска музика ќе се изведува на Широк сокак, промоција на дела од Ана Јовковска. Овде ќе ја истакнам и фонотеката на Сашо Ставрев и неговиот татко кои ќе ја споделат со битолчани и со гостите и посетителите на фестивалот својата богата фонотека создавана низ годините”, истакна Ивановски.

