Фестивали

По 11-ти пат во Куманово – “Тумба Фест”

Како што дознава музичкиот портал Музика24, кон крајот на месец август, поточно 24-ти август, во Куманово ќе се одржи 11-то издание на Фестивалот на новосоздадена шегобијна песна “Тумба Фест”. Организаторите за Музика24 откриваат дека годинава фестивалот ќе се одржи на отворено, односно, на плоштадот во центарот на градот каде пред кумановчани, а и пред присутната публика ќе се промовираат нови 21 шегобијна песна.

Ќе се пејат песни на кумановски дијалект, битолски, прилепски, струмички, кривопаланечки… и многу други дијалекти ширум Македонија. Освен изведувачи од македонската музичка сцена, организаторот најавува и музички гости од Србија, Бугарија, Швајцарија и Шведска.

Генерален спонзор на овогодинешното фестивалско издание е Општина Куманово, а освен Македонската телевизија која ќе го снима и ова фестивалско издание, како медиумски покровител годинава се вклучува и единствениот музички портал во Македонија, Музика24.

Можеби ќе ве интересира: