Неговата среќа не траеше долго. Победникот на овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија, се бори со голем здравствен проблем. Неговата состојба во последно време се влошила. Салвадор Собрал се повлече од сцената и ги откажа сите настапи, а неодамна е примен во болница бидејќи мора да се подложи на трансплантација на срцето. Португалските медиуми пренесоа дека е животно загрозен. За неговите проблеми со срцето се пишуваше уште во мај кога настапуваше на Евровизија во Киев. Последниот настап го одржа на 8-ми септември, по што се повлече од сцената.
Подготви: Марија Поповска
