Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ како организатор на манифестациите „Art Attack Festival“ и „Гитаријада“ – Куманово 2020, денеска соопшти дека двете манифестации најавени за 09-ти и 10-ти октомври се откажани.
„Поради новите предлог мерки за спречување на понатамошното ширење на актуелниот вирус, приморани сме во последен момент да ги одложиме „Art Attack Festival“ и „Гитаријада“ – Куманово 2020“, се вели во соопштението.
