Васил Гарванлиев кој и оваа година ќе ја претставува земјава на Евровизија, на својот профил на Instagram сподели тизер од евровизиската песна „Here I stand“.
Автор на песната е самиот Васил, а Давор Јордановски и Борче Кузмановски се одговорни за аранжманот. Кога станува збор за самото шоу на Евровизија, Васил ќе добие помош од Тине Матулеси, шведски кореограф и режисер кој е добро познато лице во круговите на шведскиот евровизски фестивал и Евровизија. Таа беше една од придружните пејачки на Малена Ернман во 2009 година, а минатото издание таа беше одговорна за сценскиот настап на победничката на жирито, Тамара Тодевска.
Во тизерот ќе ги чуете и придружните вокали кои се снимаат во Чикако, од страна на поранешни членови на Детскиот Хор на Чикаго, каде и самиот Васил членуваше како дете.
