Фестивали

Промени во гласањето на Евровизија: Националното жири губи улога

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави дека системот на гласање ќе се промени за претстојниот Избор за песна на Евровизија во Ливерпул. Жирито повеќе нема да гласа во полуфиналето

Наместо 50:50 гласање поделено меѓу телевоутингот и националното жири, за 10-те места од секое полуфинале отсега ќе одлучува единствено телевоутингот. Професионалното жири ќе гласа во финалето, како и обично, но останува на телевоутингот кој ќе стигне таму. Со овој систем, Албанија и Кипар би се квалификувале наместо Швајцарија и Азербејџан на Евровизија 2022 година.

Втората промена е тоа што и гледачите од земјите кои не учествуваат ќе можат да гласаат!

За прв пат досега, гледачите во земјите што не учествуваат ќе можат да гласаат. Луѓето ќе можат да гласаат преку безбедна онлајн платформа користејќи кредитна картичка од нивната земја. Собрани заедно, сите гласови ќе бидат претворени во поени кои ќе имаат иста тежина како една земја учесничка во полуфиналето и големото финале.

Извршниот супервизор на Евровизија, Мартин Остердал, даде изјава за промените:

Во текот на својата 67-годишна историја, Изборот за песна на Евровизија постојано еволуираше за да остане релевантен и возбудлив. Овие промени ја потврдуваат огромната популарност на шоуто давајќи поголема моќ на публиката на најголемиот светски музички настан во живо. Во 2023 година, само гледачите на Евровизија ќе одлучат кои земји ќе влезат во големото финале и, како одраз на глобалното влијание на настанот, секој што го гледа шоуто, каде и да живее во светот, може да го даде својот глас за своите омилени песни. Со вклучување на жири од музички професионалци во одлучувањето за конечниот резултат, сите песни во Големото финале може да се оценуваат според најшироки можни критериуми. Ние, исто така, можеме да ја одржиме традицијата на патување низ Европа и Австралија за да собираме поени и да обезбедиме возбудлива низа на гласање со победникот откриен само на самиот крај на шоуто.

37 земји ќе учествуваат на Изборот за песна на Евровизија 2023, чиј домаќин ќе биде Ливерпул во име на Украина.

Можеби ќе ве интересира: