За петтото јубилејно издание на фестивалот “Skopje Calling”, кое ќе се одржи на 12-ти септември на стадионот на АРМ – open air, Авалон продукција реши вашето внимание да го насочи кон пионерите и кон младите сили на домашната музичка сцена.
“Бирајќи внимателно, создадовме оргинална и избалансирана комбинација на креативност, свежина и традициja, со други зборови, на “Skopje Calling”, Macedonia`s finest edition, оваа година ги имаме: “Foltin”, “Last Expediton”, “Pluto’s Doubts” и surprise act за кој дополнително ќе ве известиме”, велат од Авалон продукција.
“Pluto’s Doubts” се тука да ни ја пренесат новата шармантна скопска авангарда, “Last Expedition” да ни покажат на што работеле за време на долгогодишната музичка пауза и да не потсетат што значи да се биде “добрата стара школа”, а “Фолтин”, со Late Night Cabaret Performance да ни покажат, барем на час и половина, како е да се живее младешки без обѕир, раскошно, блудно и некомерцијално.
За крај, објектот на изненадување е една млада, експлозивна, препознатлива фела која е истовремено и дефинитивен домашен лидер на live сцената. Како приказнава би останала слатка и примамлива-нивното официјално откривање го оставаме за една недела од сега, 31-ви август.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (26-ти август) во 9 часот наутро, по цена од 600 денари и истите можат да се набават на avalon.mk, нашата продажна мрежа, како и во Avalon Music & Ticket store во ГТЦ.
Се разбира дека и овој настан, исто како и претходните, ќе биде реализиран според сите утврдени и одобрени протоколи од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.
