По натписите во медумите во врска со откажувањето учество на Евровизија на земјите од регионот, се огласи МРТ. Имено, Македонија нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија 2023
Поради економската и енергетската криза и големите трошоци, Македонија нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија 2023, коj треба да се одржи во мај во Ливерпул,Велика Британија. Одлуката да се откажеме од учество на Евросонг важи за оваа година, а за идната ќе видиме. – порачуваат од мрт.
Македонија претходно не учествуваше на Евровизија во 1999, 2001, 2003 а од тогаш учествува редовно. Главна причина оваа година е економската состојба предизвикана од енергетската криза.
Нема да учествуваме на Евровизија. Не сме платиле котизација. Најголем проблем се струјата и големите трошоци, кои ќе ги предизвика патувањето и престојот во Велика Британија. Поради оваа состојба, скратени се сите трошоци, па така парите што требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја. – објасни директор на МРТ за ММС.
