Фестивали

Ситно се брои до првото издание на меѓународниот фолклорен фестивал „Итар Пејо“ во Прилеп

 Подготовките за новиот меѓународен фолклорен фестивал веќе наголемо се завршуваат, а до фестивалот остануваат уште само 5 дена.

    Фестивалот кој ќе претставува нов културен настан за Прилеп и прилепчани има за цел претставување на традиционалниот фолклор кои ќе овозможи културна размена преку традиционална музика и игри.

    Новиот меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“ кој викендов се одржува во Прилеп е под покровителство на Општина Прилеп и Центарот за култура „Марко Цепенков“, а истиот е поддржан од повеќе фирми и претпријатија во Прилеп.

Официјалната програма за фестивалот е следна:

*14 август 2026 година (петок) 19:00 часот пред споменикот на Итар Пејо

         -Прошетка низ Прилеп

         -Детска работилница на Могилата на непобедените

         -Свечено дефиле на учесниците

         -Фестивалски настап кај споменикот на Итар Пејо

*15 август 2026 година (сабота) 19:00 часот во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

          -Креативна работилница

          -Главна фестивалска вечер

          -Забава на летна сцена при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

    Влезниците за втората фестивалска вечер може да се набават секој работен ден од 10 до 12 часот на билетара од Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп по цена од само 100 денари.

    Инаку, Меѓународниот фолклорен фестивал е во организација на КУД „Мирче Ацев“-Прилеп.

Од Прилеп за Музика 24 известува: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: