Фестивали

Скопски џез фестивал од 14-ти до 17-ти октомври

Реномираниот Скопски џез фестивал ќе се одржи по 39-ти пат од и тоа годинава од 14-ти до 17-ти октомври. Целата програма на фестивалот ќе се одвива во Македонската опера и балет. На програмата за секоја фестивалска вечер има македонски, но и странски артисти. Така од домашните џез артисти ќе настапат Влатко Стефановски со Теодосиј Спасов, Тони Китановски со „Little Big Band“, колективот „Светлост+Одрон ритуал оркестра“ и триото на Сашо Поповски. Гостите од странство доаѓаат од Европа, Северна Америка и Јужна Америка.

“Особено сме среќни дека – и покрај евидентните предизвици со неа успеваме да го сочуваме високиот интернационален карактер на фестивалот.“ – велат организаторите.

Посебен интерес со сигурност ќе предизвика настапот на синот на Арсен Дедиќ, Матија, кој ќе изведува нумери од богатиот опус на покојниот Арсен Дедиќ. Преку директен пренос од ЊуЈорк ќе се претстават „Вилијам Паркер трио“ и Kris Davis / Ingrid Laubrock.  Во живо во Скопје ќе настапат  Roberto Fonseca Trio од Куба, Chicuelo / Mezquida од Шпанија и Radiаn од Австрија. Преку онлајн концерт публиката исто така ќе ги слуша „Trygve Seim Large Ensemble“ од Осло, Норвешка.

Можеби ќе ве интересира: