Фестивали

“Скопско лето” во понеделник продолжува со концерт на “Калашима” (Видео)

Вчера вечер со гала оперски концерт на Македонската опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, беше отворено 40-то издание на фестивалот “Скопско лето”, кој традиционално почнува на првиот ден од летото 21-ви јуни, Светски ден на музиката.

“Скопско лето” за понеделник кога и продолжува дружењето и забава со нив, најавува голем концерт на италијанскиот бенд “Калашима”. Како што веќе вчера пишувавме, овој бенд како што и самите тие велат, е составен од шест пријатели израснати со мелодиите и хипнотичките ритми на магичниот ритуал на Таранта, кои повторно ја изменуваат традицијата со дива мешавина на електронски и лисергични ритми и оригинални мелодии во фолклорен амбиент.

Во бендот членуваат: Рикардо Лагана: дајре, перкусии, вокал, Лука Букарела: хармоника, усна хармоника, вокал, Федерико Лагана: дајре, рик, бендир, тар, тарабука, канџира, џембе, кахон, сет тапани, вокал, Масимилијано Де Марко: гитара, бузуки, вокал, Рикардо Басиле: бас гитара, синт бас, вокал, Алдо Иеца: џампоња (италијанска гајда), флејта, флагола, шавм, зафон, вокал.

Овој концерт е во соработка со Амбасадата на Република Италија во нашата земја и “OFFest”. Продажба на билети на влезот на Сили Ан, пред одржувањето на концертот по цена од 200 денари. Концертот ќе се оддржи во Киното “Фросина”.

За подобро да слушнете и видите за што станува збор и што се нуди овој бенд од Италија, погледнете го видеото во продолжение.

Можеби ќе ве интересира: