Центарот за култура – Битола го најавува Фестивалот на музика од светот, по минатогодишната принудна пауза. Фестивалот ќе се одржи од 19-ти до 21-ви ноември а доаѓаат одлични артисти. Покрај официјалната програма на големата сцена на Центарот за култура, ќе има и офф програма во Клуб Јагода.
Официјалната програма започнува на 19-ти ноември (петок) во 20 часот со концерт на Libercuatro Tango Ensemble од Србија. Следната фестивалска вечер, 20-ти ноември од 20 часот свој концерт ќе одржи позната Биља Крстиќ од Србија заедно со Камерниот оркестар на Битола. На последната фестивалска вечер на програмата е концерт на Битолскиот дувачки оркестар со вокалните солисти Бојан Стојков, Димитар Андоновски, Јасна Димитровска, Зарина Прва Севда, Тамара Стојковска, Нико Ѓоргиевски.
Во рамки на ОФФ програмата на 20-ти ноември од 23 часот ќе настапат ZAMER од Грција со BERRYQYAT како локална поддршка.
