Фестивали

“Смоквијада” во Гевгелија ќе се одржи, но без музичка програма

14-то издание на манифестација “Смоквијада” поради пандемијата на коронавирусот годинава нема да се одложи, но ќе се одржи онлајн, потврдија организаторите од граѓанското здружение “Тера” од Гевгелија.

Варењето во живо на деликатесното слатко од зрели питоми смокви кое се организираше на Градскиот стадион во Гевгелија ќе изостане, меѓутоа пријавените учесници слаткото ќе го прават во домашни услови по своите дворови. Пријавувањето на кандидатите за учество на гевгелискиот фестивал на смоквата ќе трае до 27 август. Слаткото од смокви по дворовите ќе се приготвува на 5 септември, а победниците ќе бидат прогласени на 6 септември во центарот на Гевгелија. Минатата година на манифестацијата настапуваше познатиот Хари Варешановиќ.

Можеби ќе ве интересира: