Српската претставничка на Евровизија, Ана Ѓуриќ – Констракта се искачи на 15-то место на обложувалниците, со што ги остави во сенка претставниците на останатите држави во регионот. По убедливата победа на националниот избор во Србија, Констракта се најде на 28-то место на светските обложувалници, но за само неколку дена таа се искачи за десет места погоре.
Веднаш над Србија се Швајцарија на 14-то место и Франција на 13-то место, а засега најголеми шанси за победа имаат претставниците на Украина. На второто место се Италијанците, а на трето – Швеѓаните. Кога станува збор за претставниците од регионот, Србија котира најдобро од сите. Хрватска се наоѓа на 30-то место, Црна Гора е на 36-то место, а Словенија и Македонија се на последните две места.
