Фестивали

Света Гора реагира на кипарската песна за Евровизија (Видео)

Кипарската песна за Евровизија 2021 – „Ел Диабло“ од Елена Цагриноу беше објавена на 24-ти февруари и предизвика многу полемики меѓу кипарската христијанска заедница кои отворено ја критикуваа песната и започнаа онлајн петиција, барајќи повлекувањето на песната. Реакции имаше и од кипарската крајно десничарска политичка партија ЕЛАМ како и од Светиот синод на Кипарската православна црква, кои исто така повикаа на повлекување на нивниот влез на Евровизија.

Најновите реакции пристигнаа од важен центар на источно-православното монаштво во североисточна Грција, Света Гора. Во понеделникот, 8-ми март, Светата заедница на Света Гора испратила писмо за поддршка до Кипарскиот архиепископ и Светиот синод на Кипарската црква. Според информациите објавени од ope.gr, во писмото се вели дека оваа песна ја навредува духовната традиција на Кипар и грчката православна совест на неговиот народ. Желбата и барањето на Светогорските отци е повлекување на оваа песна, особено во време кога на Кипар му треба повеќе молитва и верба во Христа.

Во однос на реакцијата на синодот на Кипарската православна црква и монаштвото на Света Гора, се огласи и Владата на Кипар:

“Ние ги почитуваме сите ставови на Светиот синод и на сите оние кои не се согласуваат со насловот на песната, која ќе го претставува Кипар на Евровизија оваа година. Во исто време, сепак, Владата целосно ја почитува интелектуалната и уметничката слобода на создавање, што не може да биде погрешно протолкувано или ограничено заради насловот на песната и не треба да има димензии што не се потребни”.

Можеби ќе ве интересира: