Последното „дете“ од брендовите на Авалон Продукција кое се роди лани во најтешките и најпредизвикувачки времиња за концертната индустрија, фестивалот „Deeper underground“ на кој настапија Roni Size, LTJ Bukem и ARTBAT, порасна за две класи и овој пат се најавува настапот на техно хероината и една од најактуелните женски диџејки во моментов – Amelie Lens, на 30-ти јули во Касарна – Охрид.
Белгиската диџејка Amelie Lens е препознатлива по својата креативност, талент, поврзаност со публиката и експериментирањето со old school траките на кои им дава футуристички „трик“. Уникатната и чиста форма на вонвременското техно на Amelie Lens и го осигура легендарниот статус, настапи на најголемите фестивалски сцени, како и армија од фанови што ја следи насекаде во светот каде и да настапува. Taa во текот на ова лето ќе има само неколку ексклузивни настапи во Европа, што дава и посебен ексклузивитет нејзиното доаѓање на „Deeper Underground“.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда (21.07) во 09:00 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk.
