И покрај тоа што од Општина Прилеп „незнаат” кога ќе почне „Пивофест”, тие веќе втора година по ред не објавуваат ниту конкурс ниту било пак каков друг оглас за организатор а истиот годинава успешно го кријат, Игор Џамбазов деновиве само го потврди она што ние од Музика24 цело време го пишуваме и објавуваме. Се знае и датумот, а според неофицијални информации, се знае и организаторот како и музичката програма која ќе биде објавена наскоро, се со цел ние медиумите да немаме време за реакција и коментирање за се она што е поврзано со организацијата, музичката програма и сл.
Како што дознава Музика24, неофицијално, годинава на „Пивофест” ќе настапат: Ефто Пупиновски, Блага Петреска, „Митан проект” заедно со Андријана Јаневска, Каролина Гочева… а од познатите српски музички имиња се споменуваат баладичниот и тажен Владо Ѓоргиев, групата „Црвена Јабука”, а се споменувало и името на Аца Лукас. Секоја почит за музичките имиња и за се она што истите го имаат досега направено во нивната музичка кариера, но дали и колку ќе го кренат расположението на присутната публика знаејќи дека станува збор за Пиво фестивал, тоа не сакаме воопшто ниту да размислуваме.





Прво, се прашуваме зошто и која е причината поради која Општина Прилеп и ПР-от кој е задолжен за информирање на јавноста и покрај тоа што за се се информирани, се уште ништо официјално не објавуваат и се прават на три ипол, а токму оние што и се најзасегнати граѓаните на Прилеп од кој што и всушност ја земаат својата месечна плата, сакаат да знаат што и како се случува со нивниот прилепски бренд – „Пивофест”.
И второ, за што речиси сите се подбиваат, се смеат, нешто што никому не е јасно, чија е предлог идејата да се промовира и прославува јубилеј кој и всушност е непостоечки и нереален. Ако 17-то издание на „Пивофест” се одржало во 2019-та година пред коронавирусот, потоа се прави двегодишна пауза, и 18-то издание се одржува минатата 2022 година, овогодинешниот „Пивофест” би требало по некоја логика да биде 19-то издание, а веќе следната 2024-та година да се прославува 20 години јубилеј од одржувањето на „Пивофест”. На кому и зошто му текнало годинава да прославува 20 години од првиот одржан „Пивофест” се прашуваат прилепчани, а искрено и сите ние.

Како што неофицијално дознаваме, зад „Пивофест” годинава индиректно повторно ќе стои минатогодишниот организатор Пеце Стоикоски кој годинава настапува со новорегистрирана фирма, човекот кој буквално го уништи сјајот на некогаш познатиот балкански познат Фестивал на пивото и скарата. Годинава за да не потрошат повеќе финансии, присутната публика ќе може да се забавува пред се со познати и помалку познати македонски музички имиња, нешто што ги намалува некогашните стандарди кон кои некогаш се стремеше „Пивофест”.
Ако во виното е вистината, се прашуваме, дали во пивото е лагата и манипулацијата?!
