Водителот Ване Маркоски оваа година ќе ги соопшти поените доделени од македонското жири во финалето на Евровизија. Ване ќе биде 7-ми по ред, кој ќе се вклучи во живо во Ротердам за да ги соопшти поените.
Претходно поените во име на Македонија ги соопштиле: Билјана Дебарлиева, Каролина Гочева, Елена Ристеска, Мартин Вучиќ, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Марко Марк, Огнен Јанески итн.
