Фестивали

Вчера вечер во Хераклеја се одржа јубилејното 20-то издание на „Битола Отворен Град“ (Фото)

Вчера вечер во античкиот театар Хераклеја се одржа јубилејното 20-то издание на фестивалот „Битола Отворен Град“. Иако првично беше најавено како дводневен фестивал за од 9-ти до 11-ти септември, поради трагедијата во Тетово целата програма се помести за неделата. Поради одлагањето на единствената фестивалска вечер настапија само Stereo Banana, Love Itoya“ и Кирил Џајковски. 
“И се случи 20-то издание на „Битола Отворен Град“. И еден ден можеби не ни беше доволен, но миговите од синоќешниот концерт беа повеќе од посебни: живи, хипнотизирачки, еуфорични и незаборавни отчукувања на срцето со музичката програма на Stereo banana, Love Itoya и Кирил Џајковски. И следната година, ветуваме нова програма за паметење. До тогаш ќе пулсираме со ова дваесетто издание и програмата која допрва ќе се случува”, порачуваат организаторите.

Можеби ќе ве интересира: