Фестивали

Вечерва свечено отварање, а впонеделник италијански бенд на “Скопско лето 2019”

Во рамките на 40-то издание на “Скопско лето”, кое всушност вечерва и официјално стартува со голем концерт на отворено, односно, на плоштадот “Мајка Тереза” со почеток во 21.30 часот, до крајот на месец јули сите Вие кои живеете во Скопје, а секако и сите оние кои на овој или оној начин ќе престојуваат во градот, ќе имаат можност низ разни културно-забавни настани да се забавуваат и да си поминат убави летни и секако незаборавни вечери во главниот град на Македонија.

Освен свеченото и главно отворање кое вечерва ќе се случи, организаторите најавуваат и други настани. Па така, во понеделник 24-ти јуни, “Скопско лето” Ви ги најавува експлозивните, енергични и врвни “Калашима”, еден од најатрактивните бендови во Италија.

Овој бенд како што и самите велат, е составен од шест пријатели израснати со мелодиите и хипнотичките ритми на магичниот ритуал на Таранта, кои повторно ја изменуваат традицијата со дива мешавина на електронски и лисергични ритми и оригинални мелодии во фолклорен амбиент.

Во бендот членуваат: Рикардо Лагана: дајре, перкусии, вокал, Лука Букарела: хармоника, усна хармоника, вокал, Федерико Лагана: дајре, рик, бендир, тар, тарабука, канџира, џембе, кахон, сет тапани, вокал, Масимилијано Де Марко: гитара, бузуки, вокал, Рикардо Басиле: бас гитара, синт бас, вокал, Алдо Иеца: џампоња (италијанска гајда), флејта, флагола, шавм, зафон, вокал.

Овој концерт е во соработка со Амбасадата на Република Италија во нашата земја и “OFFest”. Продажба на билети на влезот на Сили Ан, пред одржувањето на концертот по цена од 200 денари. Доколку има невреме, организаторите велат дека концертот ќе се оддржи во Киното “Фросина”.

Можеби ќе ве интересира: