Фестивали

Вечерва продолжува фестивалот „Етно плоштад“ и манифестацијата „Малешевијата на дланка“ во Берово

Малешевијата и Берово синоќа, а и во четвртокот беа преплавени со посетители на фестивалот „Етно плоштад“ и Саемот на традиционални малешевски производи „Малешевијата  на дланка“.

Посетителите во Берово уживаа во продолжениот празничен викенд како и во настапите на Културно уметнички друштва, Давид Темелков, Гоца Тржан, бендот „Тропико’’ и други.

Вечерва беровчани, а и посетителите од цела Македонија и балканот ќе имаат можност да уживаат во настапите на: Малешевските зурли и тапани и Уска Кан-Етно Малеш, Игор Димовски со неговата „Пауза за ракија“, Пеѓа Јовановиќ и Ангел и Иван.

Фестивалот е поддржан од повеќе фирми и претпријатија, а истиот е една убава можност да се дојде во Берово и да се ужива во манифестациите и гостопримството на беровчани.

Подготви: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: