Фестивали

Владана: Јас сум половина македонка и сакав нешто македонско во приказната

Вчера во Подгорица беше промовирана песната „Breathe“ со која Владана Вучиниќ ќе ја претстави Црна Гора на Евровизија на 12-ти мај во Торино. Црногорската нумера ја доби финалната верзија и видеото во режија на Гојко Беркуљан. Владана Вучиниќ вели дека песната е напишана на брзина, ненадејно, откако и се случил „тежок момент во животот“.

Ја изгубив мајка ми и од мене излезе песна. Тогаш помислив дека пораката што ја носи песната треба да ја слушнат повеќе луѓе. Ова не е песна за короната, ова е почит на сите оние кои изгубија некого за време на пандемијата, бидејќи ја изгубив најдрагата личност во мојот живот. Знам дека на сите им е доста од ова, но некако во последниве неколку месеци ги гледаме само како бројки, а тоа се луѓе кои би можеле да живеат уште многу години и оваа песна е почит за сите оние кои изгубија нивните животи и семејства, само да не го заборавиме тоа. Цел живот сакав да соработувам со со коавторот и аранжер на оваа песна Дарко Димитров.
Затоа што тој е Македонец, затоа што јас сум половина Македонка, а мајка ми беше Македонка. Сакав да ги поврзам тие работи, нешто македонско да биде вклучено во таа приказна и со оглед на евровизиското искуство на Дарко, мислев дека може музички да ја обликува мојата порака онака како што јас сакам. Мислам дека токму така испадна. Од северна македонија ги очекувам и 12-те поени. – изјави Вучиниќ.

Димитров додаде дека е потешко да се влезе во финалето отколку она што следува потоа.

Затоа што подоцна нема конкуренција туку природно ти го даваат она што го заслужуваш. Мило ми е што и кај вас побуди емоции, па се надевам дека жирито или барем публиката ќе разбуди ваква емоција што ја имате и дека ќе влеземе во финале, па потоа ќе биде лесно. Тогаш ќе ти биде најлесно Владана, а потоа ќе биде уште подобар настапот. – вели димитров.

https://www.youtube.com/watch?v=7e3GiXy7SLc&t=110s

Фото: B. Šekularac/MNE Magazin

Можеби ќе ве интересира: