“Есенските музички свечености” кои се во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, продолжуваат со планираните и веќе добро осмислени концерти. Како што велат од таму, следниот концерт ќе се одржи во понеделник 23-ти ноември во фоајето на Националната опера и балет со почеток во 19 часот.
На концертот на Валентин Наумов (виолина) и Верица Давитарова (пијано) присутните ќе имаат привилегија да ги слушнат трите сонати за виолина и пијано од В.А.Моцарт и Ј.Брамс.

И на овој концерт, впрочем како и на сите досега одржани, ќе се користи протоколот за организација на настани во време на Ковид-19, што всушност значи:
– задолжително носење на лична заштита на лицето (маска, шал, марама), на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;
– задолжително одржување на физичко растојание на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација; и
– задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.
