Фестивали

Во срцето на Берово: „Бастион“ ги обедини музиката, гостопримството и духот на „Фолк Фест Владимирово“ (Фото)

Во самиот центар на живописното Берово, каде традицијата и гостопримството имаат посебна тежина, се наоѓа едно од најпрепознатливите места во овој крај – култниот ресторан „Бастион“. Години наназад ова место претставува симбол на беровската топлина, а деновиве повторно беше во центарот на вниманието благодарение на „Фолк Фест Владимирово“.

Ресторанот ги отвори своите врати за сите учесници, гости, организатори и новинарски екипи кои беа дел од фестивалската атмосфера. Од првиот момент, присутните беа пречекани со насмевка, искрена љубезност и атмосфера која ретко каде може да се почувствува.

Посебни пофалби добија сопственикот Венко Узевски и неговата сопруга, кои заедно со целиот тим на „Бастион“ покажаа што значи вистинско македонско гостопримство. Со беспрекорна организација, врвна услуга и богата трпеза, тие се погрижија повеќе од 50 гости да уживаат во секој момент поминат таму. Меѓу гостите беа учесниците на „Фолк Фест Владимирово“, бројни гости од јавниот живот, новинарски екипи, како и тимот на МРТВ, кои имаа можност одблиску да ја почувствуваат магијата на ова легендарно место.

Беровчани со гордост велат дека „Бастион“ не е само ресторан, туку дел од идентитетот на градот. Место каде се создаваат спомени, каде музиката и пријателството се спојуваат и каде секој гостин повторно посакува да се врати. Токму затоа, многумина ќе се согласат дека „Бастион“ одамна ја надмина дефиницијата за ресторан и стана вистинска легенда која живее како синоним за Владимирово, Берово и македонската душа.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: