Фестивали

Започнува „Битола Отворен Град 2023“

Со цртање графити во три битолски училишта како уметничка интервензија против омразата на битолските ѕидови започна „Битола отворен град“.

денес Битола ја трансформираме во урбана уметничка сцена оживувајќи различни урбани простори, денес млади луѓе, менторирани од уметници ги претворија ѕидивите во уметничко платно. Настанот е инспириран од говорот на омраза на битолските ѕидови и претставува Уметнички крик против говорот на омраза преку графити и цртежи. – изјави Маја Ангеловска, од МКЦ.

На програмата за 22-ри јуни е журка на пешачката патека во Старта чаршија на зајдисонце со диџеј „BERRYQYAT“. А потоа журката ќе продолжи  пред поранешната Соколна, во Градскиот парк со тројца диџеи Боц.А и „Авенсис“ од Македонија и Џое Дием од Шпанија. На 23 јуни во дворот на МКЦ ќе се претстават млади уметници, фотографи и графичари со цртање графити а од 21.30 – 00.00 на Скејт паркот во Градско шеталиште Битола ќе настапат младите бендови SINFUL GLARE, TSAR VON TIME и EVEREST. Централен настан на фестивалот ќе биде големиот концерт со кој традиционално се затвора фестивалот.

Големиот музички хепенинг е заштитен знак на фестивалот. Имаме одлична комбинација на 3 бендови од Барселона, Белград и Битола за потполно целовечерно уживање во урбаниот модерен звук. Ова е посебен предизвик за нас зашто после подолго време излегуваме од балканските рамки и гостувањето на „Арумбо“ е резултат на партнерствата што ги имаме направено со учество во неколку европски музички сцени. – најави Златко Талевски Извршен директор на МКЦ-Битола.

Ова е еден најдолготрајните фестивали кои не се целосно финансирани од буџетски извори или се само делумно потпомогнати од нив што во транзициски времиња е навистина тешко да се оствари и издржи. Освен спонзорите беше потенцирано и огромно значење на младите волонтери кои се движечка сила на фестивалот.

Битола Отворен Град ја одразува посветеноста на фестивалот за поттикнување на позитивна и инклузивна средина за сите, продолжувајќи ја мисијата да обединува локални и меѓународни таленти, поттикнувајќи меѓукултурна размена и промовирајќи го културниот дух на Битола. – изјави сашо додовски, директор на МКЦ – Битола.

Фото: Сашо Ставрев

Можеби ќе ве интересира: