На овогодинешната манифестација “Тиквешки гроздобер” во Кавадарци, оваа година главна ѕвезда ќе биде мега популарниот Здравко Чолиќ.
Стопанско-туристичката и културна манифестација “Тиквешки гроздобер” ќе трае три дена, од 6-ти до 8-ми септември. Покрај концертот на Здравко Чолиќ, најавени се настапите на хрватската пејачка Јелена Розга, Тони Зен, 2 бона и др.
Првата фестивалска вечер е посветена на љубителите на староградската музика. Ќе настапат: “Галакси бенд”, “Мањифико” и Марјан Коцев. Паралелно пак на градскиот плоштад за забавата се задолжени Тони Зен и 2 Бона.
Втората вечер ќе се одржи концертот на Јелена Розга на сцената на градскиот плоштад, а најавени се и настапи на познати DJ.
Последниот ден од манифестацијата, на празникот 8-ми септември, вечерта настапува Здравко Чолиќ. Тој ќе одржи тричасовен концерт кој ќе започне во 22 часот, а истиот ќе заврши со спектакуларен огномет, со кој ќе се затвори годинешниот гроздобер.
