Фестивали

Ѕвездена фолк вечер на 32-то издание на „Охрид фест“: Нови песни, старо-нови хитови и специјални гости

Охрид повторно ќе биде центар на музичките случувања кон крајот на август, со 32-то издание на фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“. На фолк вечерта, која ќе се одржи на 29-ти август на сцената на Долни Сарај, по подолго време ќе настапат две големи имиња на македонската фолк сцена – Сузана Спасовска и Благоја Грујовски.

Благоја ќе ја изведе минатогодишната победничка песна „Ноќва Охрид не спие“, додека Сузана ќе ја претстави својата нова композиција „Невеста охридска“, која премиерно ќе ја слушнеме токму на оваа сцена.

„Ветуваме висококвалитетна музика и вечер за паметење“, вели уметничкиот директор на фолк вечерта Љупчо Соколовски.

Следниот ден, на 30-ти август, ќе се одржи интернационалната вечер, со специјални гости Оливер Мандиќ и Сашо Гигов – Гиш, кои ќе бидат наградени за своите безвременски хитови. Посебно признание ќе добие и познатиот менаџер Рака Мариќ за неговиот значаен придонес во популарната музика.

Охрид и оваа година ќе докаже дека е вистински дом на врвните музички фестивали, со настапи кои ја спојуваат традицијата, современиот звук и емоцијата што трае.

Можеби ќе ве интересира: