Културо

„Музички код“ – Македонската филхармонија со концерт во Битола под диригентство на Борјан Цанев

Македонската филхармонија на 14 октомври, со почеток во 19:30 часот, ќе одржи концерт во Големата сала на Центарот за култура Битола, насловен „Музички код”, под диригентство на Борјан Цанев.

Борјан Цанев е еден од најистакнатите македонски диригенти, со богата меѓународна кариера и соработки со реномирани оркестри. Меѓу неговите значајни гостувања се настапите со Краковската филхармонија, Северночешката филхармонија, Софиската филхармонија и Македонската филхармонија. Неговата професионална кариера опфаќа настапи со реномирани оркестри во Европа, САД и Азија, меѓу кои Лондонскиот симфониски оркестар, Софиската филхармонија, Филхармонијата во Краков, Северночешката филхармонија и бројни други ансамбли.

Концертната програма е посветена на увертирата и нејзиниот развој низ седум различни музички поетики, претставени преку дела на Волфганг Амадеус Моцарт, Џоакино Росини, Лудвиг ван Бетовен, Јоханес Брамс, Рихард Вагнер, Џузепе Верди и Дмитриј Шостакович.

Од оперските корени кај Моцарт и Росини, преку драматуршката и симфониската моќ на Бетовен и Брамс, до музичките светови на Вагнер и Верди и самостојната концертна форма кај Шостакович, програмата нуди пресек на различни композиторски пристапи и развојот на оркестарскиот израз.

Карти во продажба преку Kartick.mk и на билетарницата во Центарот за култура Битола.

Можеби ќе ве интересира: