Културо

Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе ја игра претставата „Девојките на Марко“ вчетврток во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп (Фото)

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп во четврток на 19 ноември 2026 година со почеток во 20 часот ќе ја игра театарската претстава „Девојките на Марко“ во големата сала од Националната установа центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп. Претставата добила инспирација од истоимениот роман на писателката Оливера Николова.

Режијата и драматизацијата за претставата се на Синиша Ефтимов, а додека пак, сценографијата, костимографијата и дизајнот на плакат се на Илина Ангеловска.

Во претставата играат актерите: Марија Спиркоска-Илијеска, Димитар Ѓорѓиевски, Лора Штарго, Илија Волчески, Наташа Ачански и Јасмина Мицовска-Станкоска. 

Влезници за претставата можат да се набават на билетарницата од Националната установа центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп во вторник од 10:00 до 12:00 часот и од 19:00 до 20:00 часот, во среда од 10:00 до 12:00 часот и од 19:00 до 20:00 часот и во четврток од 10:00 до 12:00 часот и еден час пред претставата. Влезници исто така може да се резервираат и на телефонскиот број 076/442-378.

Текстот го подготви: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: