Магазин

11 годишно слепо девојче има поголем талент од вистинските музички ѕвезди (Видео)

Малата Џојс Хименез од Филипините која што има само 11 години, со изведбата на песната “Wrecking ball” од Мајли Сајрус, го освои речиси целиот свет со видеото кое што досега го имаат видено пола милион луѓе. Понекогаш, навистина е тажно што вистинските ѕвезди и нивните изведби остануваат незабележани и истите се наоѓаат далеку од рефлекторите, гламурот, славата од музичкиот шоу бизнис, а на нивно место се сосема оние другите, неталентираните и помалку талентираните.

Дополнителна тежина на изведбата на малата Џојс е тоа што додека таа ја слуша музиката во позадина, текстот од песната таа всушност ги чита со помош на писмото за слепи лица.

https://youtu.be/onuVWh-MRpo

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: