Магазин

24 Занимливости: 16 годишниот Роберт “растура” на хармоника (Видео)

Досега сме пишувале за разно разни занимливости од областа на музиката, но овој пат, следнава вест навистина заслужува внимание. Имено, младиот 16 годишен Роберт Спасенцовски кој е втора година во средното музичко училиште “Илија Николовски – Луј” од Скопје и кој што е еден од синовите на познатиот фолк пејач Боби Спасенцовски, прави вистинско чудо веднаш кога ќе дојде до хармоника.

Многу добро знаеме дека семејството Спасенцовски одлично свири хармоника, а видеото подолу само го докажува тоа. 16 годишниот Роберт со хармоника ја отсвире светски познатата “Wake me up” од Avicii.

А како тоа звучи… погледнете и слушнете сами.

Подготви: Христина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: