Музика 24 ве враќа назад во времето на поранешна Југославија кога многу популарни изведувачи од регионот одпеаа барем по една песна на македонски јазик. Популарните Кемал Монтено, Хелена Благне, Ана Бекута, Кичо Слабинац, Арсен Дедиќ како и многу други ги одпеаа македонските евергрини: “Кога те нема“, “Кој да ти каже Ивана“, “Стар Џумбушлија“, “Летај ми летај гулабе“ и многу и денес претпознатливи нумери.
Во продолжение слушнете ги и потсетете се на познатите рефрени кој големите балкански ѕвезди ги отпеаа на македонските фестивали:
Кемал Монтено – “Кој да ти каже Ивана“
Крунослав Кичо Слабинац – “Летај ми летај гулабе“
Ана Бекута – “Стар Џумбушлија“
Хелена Благне – “Кога те нема“
Арсен Дедиќ – “Она што за мене знаеш“
Владо Калембер – “Добра ви ноќ заљубени“
Кемал Монтено – “Јас бев твојот поет“
Мери Цетиниќ – “Лажи ме“
Даниел Поповиќ – “Една игра јас и ти“
Зорица Конџа – “ А бог да знае“
Ален Славица – “Љубовта само е сон“
Подготви: Филип Етмишовски
