Според најавата, на наддавањето ќе бидат понудени 78 цртежи од починатиот „крал на поп-музиката“. Секој цртеж е потпишан од него, па така, „тој ќе им даде на победниците на аукцијата парче од историјата на иконата и поп-музиката“, се наведува во соопштението од аукциската куќа „Кингс окшнс“.

Истовремено, од таму велат дека местото на наддавањето ќе биде објавено подоцна, но најверојатно, тоа ќе биде некаде во градот Беверли Хилс.
