Магазин

Андријана Јаневска – 15 години на македонската музичка сцена (Видео)

Песната со која Андријана Јаневска се претстави на возобновениот Скопски фестивал минатата година, авторската композицијата “Можеби” доби свое видео издание. Видео записот изработен од БМА продукција и кој се снимаше во Македонската опера и балет беше претставен на 7-ми март, а повод за тоа беше што пред 15 години токму на таа дата, Јаневска за прв пат се појави на македонската естрадна сцена. На нејзиниот фејсбук профил, Јаневска го напиша следното:

“На денот кој измина (7-ми март), за прв пат стапнав на естрадната сцена. И тоа трае до денес. Полни петнаесет години. А со денот кој доаѓа (8-ми март) уште еднаш се потсетувам зошто е прекрасно да си жена. Драги мои пријатели, фанови, а особено дами, со особено задоволство ви го претставувам мојот нов спот за песната “Можеби”, која отвора ново поглавје во мојата кариера. Се надевам дека во изминатите 15 години не ве разочарав, а ќе се обидам така да биде и понатаму. Ве оставам да го проследите видеото и да уживате во песната која од срце ја компонирав. Ви благодарам на сите!”, напиша Јаневска на својот фејсбук профил.

По тој повод и ние се вклучуваме кон честитките и по тој повод во продолжение ви го претставуваме новото видео издание на нашата Андријана Јаневска за нејзината најнова песна од Скопскиот фестивал “Можеби”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: